Дали китовите ќе издржат? – Николина Ќорвезироска

Зошто ја отуѓуваме природата?
Зошто си ја одземаме слободата?
Дали сонцето нѐ препекува веќе?
Дали нема дожд за ниту едно цвеќе?
Дали Деметра ќе има добра жетва?
Ќе постојат ли сончевите места,
каде ќе си ги одмориме лудите глави….
на кои полјанки благородни
шуми, реки, цветни ливади…

Се раѓаме и умираме во земјата,
таа е дел од сите нас…
Затоa овој свет заслужува спас.

Човечката природа…
дали придонесува за совршеност на убавите нешта?
Зошто ги ловиме животните,
а не тие нас?
Зар не треба и за нив да постои, спас?

Земјо, мајко, родилко, водилко…
Зошто не успеваме …
да ја разбереме твојата вредност?
Зошто сакаме да те имаме во сопственост?
Со секој изминат ден што те газиме…
дали искрено те почитуваме,
или себеси се мразиме?

Јалов ти стана лелекот, земјо
додека сонцето се крие и провлекува…
секој зрак силум
пред очи ни се искрадува,
душата ни ја остава пуста.

Додека зајдисонцето воздивнува,
земјата тивко умира.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?