Невиноста е вљубена самовила на небесен ветар
Ги држи рацете прекриени со крваво огледало
Занемено стои пред ледениот дожд
И паѓа, паѓа, паѓа,
Во морето од земја во која се закопани сите надежи.
Невиноста е затворена пупка со отворени очи
Го држи небото далеку од грбот на Атлас
И се влева во морињата каде не цветаат ружи
И пие, пие, пие
Небесни афродизијаци од кои потекува жешка лава.
Невиноста е воскреснат ангел кој еднаш паднал
И го носи небото во мрачниот вртлог на животот
Скаменет е нејзиниот поглед пред купот волци
И се крие, крие, крие
Под куќата на ѕвонливиот куќен праг.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.