Во осмата епизода од „Кулитерација“ разговараме со талентираниот и надежен автор, Александар Николовски. После неколкуте писмени интервјуа, редно беше да си направиме муабет и во емисија. Разговорот ни протече многу брзо, иако можевме уште долго да си зборуваме. Во тој случај емисијата ќе требаше да трае три часа колку некој долгометражен филм.
Го прашувавме за неговите книги (со кои веќе им е добро познат на читателите, посебно во читателските книжевни групи), а тој со задоволство ни раскажуваше накратко за соджрините. Ова на слушателите им овозможува од прва рака да чујат што точно се работи и што стои позади тие “скокотливи“ наслови. Александар ни откри и некои детали околу процесот на пишување и какви книги сака да чита.
Да не должиме повеќе, проследете ја целата аудио-снимка во продолжение. Кликнете на копчето плеј и уживајте во слушањето!
Можеби ќе сакате да ја чуете и седмата епизода од Кулитерација со Верица Мукоска.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.