Таа ноќ е, сине, пеперуга бела:
на макова вршка слета и се скри.
Во маково цветје таа нoќ се вплела.
He мисли ја ти.
Спи, сине, спи.
Таа ноќ е, сине, коњче што се спрема
да замине на пат неброени дни.
Сега сè е мирно. Сега ништо нема.
Смири се и ти.
Спи.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.