Лусинда Рајли (1966), чиишто книги важеа за едни од најпродаваните, починала денес по четиригодишна борба со ракот. Ви ја пренесуваме пораката од нејзината фамилија објавена на нејзиниот официјален фејсбук профил. Прочитајте ја во продолжение.
До пријателите на Лусинда и читателите ширум светот:
„Со жалење мора да ви кажеме дека Лусинда утрово почина мирно, опкружена со нејзиното семејство, кое беше многу важно за неа. Разбираме дека ова ќе биде ужасен шок за многу луѓе кои не беа свесни дека Лусинда се бореше со ракот четири години. Во текот на тие четири години, Лусинда напиша 5 романи, а оваа недела „Сестрата што недостасува“ е број 1 роман во светот.
Лусинда ги допре животите на сите кои ги сретна, како и оние кои ги вртеа страниците на нејзините приказни. Таа зрачеше со љубов и добрина во сѐ што правеше и ќе продолжи да нѐ инспирира засекогаш. Покрај сѐ, Лусинда го сакаше светот и го живееше секој момент во целост.“
Со нејзини зборови:
„Низ болката и задоволството од патувањето, јас ги научив најважните лекции кои животот може да ги понуди и драго ми е поради тоа. Моментот е сѐ што имаме.“
Фамилијата на Лусинда
Лусинда досега има продадено 30 милиони примероци на меѓународно ниво. Нејзините дела биле бестселери во 25 земји и се номинирани за бројни награди. Во 2020 година таа ја доби холандската Платинум награда за продажба во над 300.000 примероци од нејзин роман за една година. Во есента 2019-тагодина, „Собата на пеперутките“ била на врвот на листата на бестселери на „Сандеј тајмс“.
Нека почива во мир. Несомнено е дека таа остави неизбришлива трага во модерната светска книжевност. Нејзиното влијание ќе трае уште многу долго. Продолжува да живее преку нејзините дела.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.