Ноќта е тивка
ги носи одговорите
некогаш и на непоставени
прашања.
Ноќта е тешка
кога те измачуваат мислите
кои можеби и не си ги
повикал.
Ноќта е будна
им го краде сонот на ѕвездите
што им го осветлуваат патот
на месечарите.
Ноќта е затишје пред бура,
привиден спокој што плени,
ти краде часови и минути
не знаејќи дека ти свесно
ѝ ги подаруваш.
Ноќта е тивка,
ги носи одговорите
кои отсекогаш си ги имал.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.