Избор поезија: „Самоуспокојување“ од Анте Поповски

Денешниот избор е песната „Самоуспокојување“ од македонскиот поет Анте Поповски. Извадок од збирката Вардар (1958). Прочитајте ја во продолжение!

Самоуспокојување – Анте Поповски

Го слушам јас тој молк твој што коле,
тие нежни раце твои што ме  угушуваат в раце ги чувам
и чинам тих некој призвук тивја в мене да ме успие
на твојата снага
на твоето голо тело Молчи.

И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи,
над својата малечкост питома заспи
и мисли лош сон си сонил,
лош глас си чул,
ти не си тој што може друг да си
и да не се плаши.

Го сети ти тој молк твој што те закла
таа добрина твоја што те мами дека не ќе те израсне
и снебиден ти за туѓи очи веќе,
заспи над ова голо тело Молчи.

Тивја патот долг.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!