Skip to content

25 занимливости и факти за историјата на фудбалот кој важи за најважна споредна работа во светот

Во тек е Европското првенство во фубдал (ЕВРО 2020) кое годинава се одржува од 11 јуни до 11 јули во 11 европски градови. Македонската фудбалска репрезентација своите натпревари во групната фаза ќе ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и во Амстердам, против Холандија. Македонскиот тим веќе го одигра првиот натпревар со Австрија во Букурешт со резултат 3:1 за Австрија. Утре следува натпреварот со Украина.

Во продолежние прочитајте ги интересните занимиливости и факти за фудбалот кој во моментот повеќе не е најважна споредна работа за најстрасните навивачи и љубители на оваа најстара спортска игра.

1. Фудбалот настанал во Кина околу 476 годна п.н.е.

2. Повеќе од милијарда луѓе го гледаат Светското првенство кое се одржува на секои четири години.

3. На најголемиот фудбалски турнир учествувале 5.098 тимови, повеќ од 35 000 играчи и бил одржан во Банкок.

4. Најголем број голови кој еден играч ги постигнал на еден натпревар бил 16, а ги дал Стефан Станис за “Racing Club de Lens“, во декември 1942 година.

5. Најбрз гол постигнал Уругваецот Оливиера во 1998 година, а голот го дал во 2,8 секунда од мечот.

6. Фудбалерите на натпреварот не морале да имаат дресови со различна боја од спротивникот сѐ до 1913 година.

7. Просечен фудбалер на натпревар претрчува 9.65 километри.

8. Најпрвиот кошаркарски натпревар одигран е со фудбалска топка.

9. Првиот фубдалски клуб на светот бил Шефилд (Sheffield), а основан е во далечната 1857 година.

10. Во сите финалиња на светските првенства играл еден европски клуб со исклучок во 1930 и 1950 година.

11. Фудбалски натпревар со најголем резултат постигнат некогаш одигиран е на стадионот na Stade Olympiqe de L’emyrne во кој тимот со Мадагаскар е поразен со 149-0, а интересно е дека сите свои голови си ги дале самите поради протест за неправедното судење на претходниот натпревар.

12. Нигериец кој играл за Челзи ја повредил ногата додека прославувал гол. Додека пак Луиџи Рива му ја скршил раката на судијата кога го погодил со топка.

13. Прв црн играч на фудбал бил Артур Вартон, а играл во 1800 година.

14. Пеле е првиот кој фудбалот го нарекол “убава игра“.

15. Американците и Канаѓаните се единствени кои фудбалот го нарекуваат сокер (soccer).

16. Во 1964 година една судиска одлука на еден меч во Перу покренала нереди во кои загинале повеќе од 300 луѓе.

17. Во 1998 година во Конго, гром убил еден цел фудбалски тим и тоа за време на натпревар.

18. На светот постојат дури 27 клубови кои како прекар користат некоја песна од Битлси. „Виљареал“ од Шпанија себеси се нарекуваат “жолта подморница“.

19. Нил Армстронг првично сакал на месечина да однесе фудбалска топка, но НАСА го одбила тој предлог со објаснение дека тоа не било американски начин.

20. Топката која ја користат професионалните играчи не ги сменила обликот и изгледот повеќе од 120 години.

21. Повеќе од 80% од топките се произведуваат во Пакистан.

22. Првиот пренос во живо на фудбалски натпревар се случил во 1937 година и во прашање бил тренинг на фудбалскиот клуб „Арсенал“.

23. Најголем број црвени картони покажани биле на натпревар во Парагвај, дури 20 вкупно.

24. Во 1978 година сер Алекс Фергусон добил отказ во Манчестер бидејќи ѝ правел врева на една жена.

25. Таткото на Рајан Гигс бил професионален рагби играч.

Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве занимливости за пливањето.

Напишете коментар