Руми – Момент на среќа

Момент на среќа,
јас и ти седнати на верандата,
изгледа како да сме двајца,
но една душа сме, ти и јас.

Тука чувствуваме како се движат
водите на животот,
ти и јас, убавината на градината
и птиците што пеат.

Ѕвездите ќе нѐ гледаат
и ние ќе им покажеме
како е да си тенка полумесечина.
Ти и јас осамени, ќе бидеме заедно,
рамнодушни кон празните тврдена, ти и јас.
Папагалите на Рајот ќе расфрлаат шеќер,
кога се смееме заедно, ти и јас.

Во еден облик на оваа Земја
и во друг облик во бескрајната слатка Вечност.

Превод:  Тихомир Јанчовски

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!