Со еден поглед од своите очи – Рабиндранат Тагоре

Со еден поглед од своите очи, убава жено, би можела да го заплениш
сето богатство на песните што се разлева од поетските харфи!
Но за нивната слава ти немаш слух, затоа дојдов да те славам тебе.
Пред своите нозе ти би можела да ги понижиш најсмелите главите на земјата.
Но оние што ги избра, твоите љубовници и обожаватели, не ја
познаваат славата, затоа јас те славам.
Убавината на твоите раце со својот допир би ја покрила славата на кралскиот блесок.
Но ти ја употребуваш за да ја чистиш прашината и да го одржуваш
чист својот скромен дом, затоа моето срце е исполнето со почит.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!