19 мудрости од Калил Џибран, авторот на книгата „Пророк“

Калил Џибран, либански поет, филозоф и уметник, напишал повеќе од 30 книги, меѓу кои е и познатата книга „Пророк“. Од нејзиното прво објавување во 1923 година, продадени се околу 10 милиони примероци. „Пророк“ е преведена на повеќе од 40 јазици.

Текстовите на Калил Џибран воодушевуваат со повеќеслојност, каде што огромната длабочина демнее под надворешната достапност. Како што рекол Ошо: „додека Џибран пишувал едноставно на универзумот му дозволил да проетче низ него“.

Во продолжение следуваат неколку бисери или мудрости од креативната градина на Џибран. Истите можат да го променат вашиот живот или барем да му дадат поинаква перспектива. Прочитајте ги!

1. Бидете благодарни за тешките времиња. Тие ви покажуваат колку сте силни

„Најјаките души се раѓаат од страдање. Најјаките од нив се прекриени со лузни.“

2. Љубезноста е квалитет на силните луѓе

„Чувствителноста и љубезноста не се знаци на слабост и очај туку манифестација на сила и одлучност“.

3. Апсолутната вистина не постои

„Не знам апсолутна виситна. Но понизен сум пред своето незнаење и тоа е мојата чест и награда.“ Немојте да речете “ја најдов вистината“, туку кажеет “нашов зрно вистина“.

4. Никогаш нема да ги заборавите оние кои биле покрај вас во најмрачните времиња

“Можете да заборавите со кого сте се смееле, но никогаш нема да заборавите со кого сте плачеле.“ Срцата кои се соединуваат во болка и тага нема да ги раздви среќата и веселбаат. Врските кои се создадени во тага се посилни од врските кои се создадени во веселба и среќа. Љубовта која е испрана во солзи ќе остане чиста и верна.

5. Наједноставните нешта понекогаш се најнеобични

„Ако некој те повреди, можеби тоа ќе го заборавиш, но ако ти повредиш друг, тоа ќе го помниш.“

6. Љубовта е живот. Животот е љубов.

„Кога љубите, не би требало да кажете: ‘Бог е во моето срце’, туку ‘Јас сум во божјото срце’. И немојте да мислите дека љубовта можете да ја насочите во негова насока бидејќи љубоват ќе ве насочува ако ве оцени дека вредите“.

7. Животот без љубов е како стебло без плодови и цвеќе.

Сѐ правете со љубов.

„Работата е љубов која е видлива. А, ако работите без љубов подобро би било да ја напуштите работата и да седнеет на вратата од храмот и да побарате милостина од оние кои работат со радост. Бидејќи ако печете леб со рамнодушност, ќе испечете горчлив леб кој ќе ве засити половично.

Ако го гмечете грозјето со огорченост, огорченоста ќе се претвори во отров во виното. Дури и ако пеете како ангел, но во вашето пеење нема љубов, само ќе го пригушите звукот во човечкото уво, дење и ноќе.“

8. Љубовта не може да се зароби

„Љубовта не поседува ништо и не сака некој да ја поседува. И немојте да мислите дека можете да владеете по патиштата на љубовта бидејќи ако љубовта ве смета за достојни, таа ќе го води вашиот пат.“

9. Вашиот став кон животот го одредува ставот на животот кон вас

„Вашиот живот не зависи толку од она што ви донесува туку зависи од вашиот став кон него. Не толку од она што ви се случува туку како го толкувате она што ви се случува.“

10. Погледнете ја светлата страна

„Оптимистот гледа ружа, а не трње. Песимистот гледа трње занемарувјаќи ја ружата.“

11. Ги гледаме нештата не какви што се туку какви што сме ние

„Изгледот на нештата се менува во склад со расположението и затоа во нив гледаме магија и убавина, додека магијата и убавинаат се всушност во нас самите“.

12. Вистинската љубов е плод на духовна интимност

„Погрешно е мислењето дека љубовта произлегува од долгите пријателства и упорното додворување. Љубовта е плод на духовна интимност, а ако интимноста не се појави после секунда, нема ни да се појави ни после долги години преку генерациите.“

13. Дабот и чемпреост не растат во сенката на другиот

„Сакајте се меѓусебно, но не правете окови од љубовта: Преферирајте измеѓу да има разбранувано море помеѓу крајбрежјата на вашите душа. Налевајте си чаши еден на друг, но не пијте од истата чаша. Дајте си еден на друг до својот леб, но не јадете од иста кришка. Пејте и танцувајте заедно и радувајте се, но бидете и сами. Како што жиците на лаутата се сами иако одѕвонуваат со иста музика.“

14. Бидете благодарни за доброто и лошото

„Научивте да бидете потивки од зборливите, потолерантни од нетолерантните, подобри од лошите и сеедно не сме им благодарни на тие учители.“

Кога се радувате нурнете во длабочините на своето срце и ќе видите дека сега се радувате токму на она што порано ве растажувало. Кога тагувате повторно погледнете го своето срце и ќе видите дека во суштина плачете поради нешто што ви носело радост.

15. Вистинската убавина доаѓа одвнатре

„Убавината не е на лицето, таа е светлост во срцето.“

Зарем има потреба овде нешто да се дополни? Освен тоа што убавината е минлива, а карактерот и добрината се вечни.

16. Вашите деца не се ваши деца

„Тие се синови и ќерки и копнеат за живот за самите со себе. Тие доаѓаат преку вас, но не од вас. И иако се со вас, не ви припаѓаат вам. Можете да им ја дадете својата љубов, но не и своите мисли бидејќи тие имаат сопствени мисли.

Можете да ги вдомите нивните тела, но не и нивните души. Бидејќни нивните души домуваат во куќата од утре која вие не можете да ја посетите дури ни во вашите сонови. Можете да настојувате да бидеет как нив, но не барајте од нив тие да бидат како вас.“

17. Ако сакаш, пушти

„Ако некого го сакате, пушете го да оди. Ако се врати, секогаш бил покрај вас. А, ако не, никогаш не ни бил тука.“

18. Внимавајте кому ги доверувате тајните

„Ако на ветрот му ја доверите својата тајна немојте да му замерувает што им ја открил на дрвјата.“

19. Вратете повеќе

„Да се биде великодушен значи да се даде повеќе отколку што се може. Да се биде горд значи да се земе помалку отколку што е потребно.“

Прочитајте ги и мудрите совети за родители од познат писател за деца.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!