Април, 2021
Го крадам сонот уште една ноќ
во постела од свила
мирно утро на повидок е пак
недостиг се испишува
во секој сончев зрак.
Крадам минути бескрајни
без тебе минута е цела вечнст,
одамна заминав,
не се враќам јас.
Прегратка празна болка е знај
само срце без срце тагува
солза нè дели, љубов спојува.
Прегратка празна болка е знај
само срце без срце тагува
солза нè дели, љубов спојува.
Овие раце да ја гушнат нема
овие прсти да ја допрат нема,
светлината од очи ми ја зема
збогум да се рече најдобро сега.
Овие раце да го гушнат нема
овие прсти да го допрат нема,
светлината од очи ми ја зема
збогум да се рече најдобро сега.
Прегратка празна болка е знај
само срце без срце тагува
солза нè дели, љубов спојува.
Прегратка празна болка е знај
само срце без срце тагува
солза нè дели, љубов спојува.
Солза нè дели, љубов спојува.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.