Голема е љубовта на двајца кои никогаш не се сретнале
Само се погледнале, се разминале
Голема е љубовта на две срца кои се споиле
Но крвно не се поврзале,
Голема е љубовта на две души кои се сакале
Но само во соништата
Кои си подале рака создадена од солзи
Натпони со прашина од лелеав немир
Но , не се дофатиле
И вечно се бараат во ноќта
Се среќаваат само
Во неоживеаните приказни
Раскажани од перата на поетите.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/04/Maja-Mal..jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.