Изреки и цитати од Нора Ефрон, новинарка, сценаристика номинирана за Оскар, романописец, есеист, блогерка. Сите овие епитети заслужено ги носи и ѝ припаѓаат нејзе. Родена е на 19 мај 1941 година, а починала на 20 јуни 2012 година во родниот град. Токму поради талентите во повеќе области ја нарекуваат „модерната Дороти Паркер“. Еве неколку нејзини изреки и цитати во продолжение.
1. „Лудите луѓе секогаш се сигурни дека им е добро. Само здравите луѓе се спремни да признаат дека се луди.“
2. „Мојата мајка сакаше да сфатиме дека трагедијата на твојот живот трае само еден ден, а следниот веќе не.“
3. „Се обидувам да напишам дела за жените кои се така комплицирани и интересни како што всушност жените се.“
4. „Во моите сексуални фантазии никој не го сака мојот ум.“
5. „Понекогаш, верувам дека едни луѓе се подобри во љубовта од други, а понекогаш верувам дека сето тоа е залажување.“
6. „Се омажив со него против сите докази, се омажив за него сметајќи дека бракот не функционира, дека љубовта умира, дека страста бледи и така станав вид романтична личност.“
7. „Не можете да го дофатите својот живот (освен ако сте на Википедија, во којшто случај може да дофатите неточни информации).“
8. „Постои причина заради која жените во четириесетите, педесетите и шеесетите не изгледаат исто. И не е тоа заради феминизмот или подобриот живот низ вежби. Тоа е заради бојата на косата.“
9. „Што и да изберете, меѓу тие многу патишта, се надевам дека одлучивте да бидете дама.“
10. „Можете да се помирите со стварноста, или може да заминете како будала, а да сонувате еден сон.“
11. „Никогаш не се мажи за човек од кој што не сакаш да се разведеш.“
12. „Желбата да се омажи, е основен и исконски инстинкт кај една жена. Тука следи уште еден основен исконски инстинкт: Желбата повторно да биде сама.“
Прочитајте ги овие цитати од Блез Паскал кои ќе ве воодушеват.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.