На крајот на денот, по тешката работа, стариот земјоделец седнал на клупа пред својот скромен дом и уживал во погледот на ливадата и зајдисонцето. Покрај неговата куќа имало патека што водела кон следното село. Еден господин одеднаш поминал покрај земјоделецот и си помислил: „Колку мрзлив човек. Наместо да работи нешто, тој само седи пред куќата и ужива“. Малку подоцна, еден друг господин поминал покрај земјоделецот и си помислил: „Овој човек изгледа како Дон Жуан, веројатно седи пред куќата да гледа жени. “
Тогаш поминал и еден шумар и си помислил: „Овој човек е вреден работник. Работеше напорно цел ден, а сега ужива во заслужениот одмор.“
Оваа приказна ни укажува на две работи: Првата е дека треба добро да размислиме пред да судиме, втората е дека нашите мисли се огледало на самите нас, а не на оној што се осмелуваме да го осудиме. Нема многу кажано за земјоделецот, но меѓу редови е кажано за луѓето што него го судат.
Првиот човек е мрзелив, вториот е женкар, а третиот – шумарот е вреден човек. Секој кај другите ја препознава прво својата одлика.
Прочитајте ја и приказната: „Среќната сламка“ (Јапонска поучна приказна)
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.