Среќната сламка – Јапонска поучна приказна

Еднаш одамна си живеел еден сиромашен млад човек. Сакал да работи и работел, но за што и да се фател пропаѓало. Еден ден отишол да се моли на Божицата Канон во нејзиниот храм во селото Хасе, провинција Јамато. Од утро до вечер и од вечер до утро, ја молел Божицата:

“Помогни ми, благослови ме, испрати ми среќа во животот!“Поминал многу ноќи во храмот, но Божицата никогаш не му се јавувала во сон и не давала никаков знак. Но, младичот не заминувал. Како што одминувало времето му снемало храна и пари и кога го забележале тоа,  монасите почнале да се советуваат меѓу себе:

“Лош глас ќе се прочуе ако дозволиме човек да умре пред нашите очи. Храмот ќе биде осквернет.” Тие почнале да го хранат младичот. Поминале уште многу денови. Еднаш, во зората, младчиот одеднаш сонил сон. Самата божица дошла од длабочините на светилиштето и му рекла:

“До кога ќе бидете тврдоглави и ќе ме мачите со немилосрдните барања? Сите вие ​​луѓе сте исти: Грешите многу во претходните животи и  плаќате за тоа. Не барате среќа според заслугите и затоа сите ваши молитви се залудни. Но, жал ми е за тебе, ќе ти испратам еден мал благослов – тоа сѐ уште имам право да  го направам, но ако го промашиш самиот ќе бидеш виновен.”
Младичот се разбудил и набрзина истрчал од храмот. Не можел да дочека да го добие благословот. Но, во брзање, тој се сопнал на камен на портата и паднал со лицето надолу во прашината. Станал од земја и одеднаш забележал дека случајно стегнал сламка во раката.

‘Еве го тој! Еве го дарот на Божицата Канон – благословот!’ Помислил возбудено. Дента, среќен се упатил кон градот на мала прошетка под топлото сонце. Одеднаш на патот забележал бубамара, па решил да ја врзе за сламката.  По некое време случајно  поминал покрај кочија во која седела богата млада дама со својот мал син.

На момчето му било ужасно досадно, но наеднаш, висејќи од прозорецот ја здогледал бубамарата.
“Ахх! Јас ja сакам! Дај ми ja! Дај ми jaaa!”
Тогаш еден од слугите се упатил кон младиот човек:
“На нашиот млад господар му се допадна сламката. Дали би му ја подариле?”
“Мојата сламка не е обична, самата божица Канон ми ја испрати како подарок. Но, не можам да одбијам дете. Земете ја.” Рекол младичот

Богатата госпоѓа ги слушнала зборовите на младичот и за да му се заблагодари му подарила неколку сочни портокали завиткани во бела хартија. Младичот ги погледнал портокалите и си помислил дека не е лошо од една сламка да дојде до три портокали.

Младичот продолжил по патот, а сонцето станувало сѐ посилно и посилно. Одеднаш забележал неколку слуги собрани околу млада девојка која лежи на патот.
“Каква несреќа! Нашата госпоѓица сакаше да се напие вода, но нема наоколу и се онесвести од жед. Имаш ли вода со себе човеку да ѝ помогнеш? Ако не, дали има вода во близина, па да донесеме?”
“Има бунар и поток, но сепак, далеку се. Подобро земете ги овие портокали, нека се освежи госпоѓицата… Можеби ќе се чувствува подобро.”

Слугите го исцедиле сокот од портокали и ѝ дале жената да се напие. Таа по малку се освестила и рекла:
“Ви благодарам многу. Да не бевте Вие,  ќе умрев на патот. Еве, земете го ова во знак на благодарност. Мал подарок – немам ништо друго при рака.”
Таа извадила три снопови платно и му ги подарила на младичот.

Почнало да се стемнува. Одеднаш покрај младичот поминал Самурај на својот коњ и со него слугата.  ‘Колку е убаво да имаш коњ.’ Помислил младичот,  кога одеднаш коњот на самурајот паднал и не сакал да продолжи. Воинот се симнал го земал коњот на слугата и на него му кажал да се ослободи од животното.
Младичот бидејќи многу сакал коњ му понудил на слугата еден сноп платно,  слугата се согласил и побрзал да го стигне својот господар.

Коњот успеал да ги отвори очите. Но, на младичот му текнало дека ако го видат со таков коњ во селото ќе помислат дека го украл. па затоа го однел во шумата и го врзал за дрво, а останатите два снопа платно опишол во селото и купил овес и сено и прибор за коњи. Така тој со денови се грижел за коњот сѐ додека не му станало подобро. Неколку  дена подоцна се качил на коњот и решил да тргне на патување.

Рано наутро следниот ден пристигнал  во главниот град и ј видел дека во близина на една голема куќа во предградијето се спремаат печалбари. Луѓето пакувале, врзувале кревале врева. Се гледало дека некој тргнува на долго патување со целото свое семејство. Младиот човек го запрел својот коњ на портата:

“Ај, сопственици – патници, дали би го купиле коњов од мене?”
Господарот излегол од куќата и извикал:
“Ах, каков коњ! Колку убав! Би го купил, но имам малку пари. Но, ако сакате, земете го оризовото поле за замена и покрај тоа, можете да живеете во мојата куќа сè додека не се вратам. Да не остане празна , а ако не се вратам куќата ќе биде твоја.” Младичот прифатил.

Поминала една година и друга и трета. Сопственикот не се вратил од туѓина. Младичот добил и куќа и нива. Оттогаш тој живеел убаво одгледувајќи ја земјата која му била дадена и  кога остарел, секогаш кога ќе изгубеле надеж постојано им велел на внуците:
“На некој што верува во својата среќа, и едноставна сламка ќе му помогне.“

Прочитајте ја и Зен приказната за крајот.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!