Букви – Гане Тодоровски

И „Б“ и „О“ и „Л“ во БОЛ,
два консонанта, еден вокал,
се оној гон во познат moll
црн звук на стихов што му дал.

И „Б“ и „О“ и „Г“ во БОГ,
се збир што не знам да го зберам.
Кога на овој најпрост слог
ќе смогнам да му најдам мера?

И „Б“ и „О“ и „Ј“ во БОЈ,
се само букви три зборат
дека низ сиот живот свој
сум должен да се борам.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!