Прва ноќ – Матеја Матевски

Важен клик на усните
и остро провирање
на плодот од едно
постоење ново

Гранките се пореваат
скршени во своите сенки
округли раце од месечина
и рамена од облаци.

Гудало од слатки нерви
се скокотка и се игра
со некаква виолина.

Шарено око на тишината
ноќ
и долго зборлесто
молчење.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели