Седиме рамноправници:
Мохамед, Буда, Христос,
јас и сопругата!
Мласкаме сенешто… Галаксии…Планети
Џвакаме бесмислици до бесвкусност:
Ако Гагарин, Глен и компанија
стапат на некоја нова планеат
која ли вера таму ќе победи?
И идеално е за разговор –
Вторник е! ТВ-екранот, сполај му, молчи.
Децата хрчат (ах, тој бронхитис,
недолечен му остана на малиот)
жената мрмори – ути/ата пак не чини!
П-с-т! Остави гостите нека се доречат;
(а мислам: што ако речат
кога со векови не им веруваме!)
Тројцата пророци, без ореоли,
така, во обична делничка лика,
молчат. Неволно си помислуваш:
нема што, мудри се, не истрчуваат!
Продолжи ти тогаш жено, велам,
плати ли вчера за млекото, чешмата
пак не се затвора, виното…
Штом чу за вино, Мохамед се оближа,
штом чу за жена Христос се сепна,
штом чу за пари Буда се разбуди.
На ѕидот само спокоен си остана
осамен Маркс, врз бледа литографија,
небаре благовремено да предупредил:
човеку, не ти е туѓо човечкото!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.