Фројд е еден од најконтроверзните научници на минатиот век. Неговиот допринос кон психологијата е огромен. Две откритија го овековечија: ја разоткрил мистеријата на човечкиот сон и прв го открил универзалниот клуч на човечката потсвест. Еве неколку негови мисли:
1. Големината на вашиот идентитет се одредува со големината на проблемот кој може да ве извади од такт.
2. Мажот е среќен со било која жена додека не ја засака.
3. Пред да си дијагностицирате депресија и ниска самодоверба, уверете се дека не сте опкружени со идиоти.
4. Сè што правите в кревет е прекрасно и апсолутно исправно. Важно е да ви се допаѓа на двајцата.
5. За сексуална девијација може да се смета единствено отсуството на секс. Сè останато е вкус.
6. Идеална, вечна, исчистена од омраза, љубов постои единствено меѓу зависноста и дрогата.
7. Колку што е побеспрекорен човекот од надвор, толку повеќе демони има во него.
8. Децата се потполно егоистични: силно ги чувствуваат своите потреби и немилосрдно се борат за да ги задоволат.
9. Луѓето се поморални од тоа што мислат и многу понеморални од што можат да замислат.
10. Поголем дел од она што е во нас е неразбирливо, а она што е препознатливо е реално.
11. Секој нормален човек, всушност е нормален делумно.
12. Ако на човек сте му простиле сè значи дека сте завршиле со него.
13. Времето минато со мачка никогаш не е залудно потрошено.
14. Ние повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката, наместо да се сретнеме со радоста.
15. Во моментот кога човек почнува да се сомнева во себе и во својата вредност, тој станува болен.
Прочитајте ги овие мисли од Мак Диздар.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.