„Струшки ручеци на поезијата“ во стил на неповторливите К-15

Добропознатото трио К-15 кое беше популарно во моето најрано детство, секогаш знаело да ни измами насмевка на лицата. Ова е петочко ретро сеќавање, кое сакавме да го споделиме на блог. Во времето уште пред појавата на интернетот и пред паметните телефони, кога во домовите ги имавме малечките први телевизори во боја, К-15 беа главна атракција. Цацко, Тошо (малерот) и Миле (паника) беа ликовите што правеа сѐ за да не насмеат. На хумористичен начин ги доловуваа “дупките во општеството“, но и преработуваа секојдневни случки на нивен начин.

Нивните скечови се гледаа и по неколку пати, се преснимуваа на видео-касети и се прераскажуваа меѓу луѓето. Ова трио секогаш ме потсетува на минатите времиња кои вреди да се прераскажуваа бидејќи делуваат толку поразлични од сега. Ако во овој момент имаме огромен избор на канали за занимација, хумор и забава, пред две ипол децении не беше така. Луѓето беа поограничени во тој поглед и многу нешта не беа достапни како сега што се, со само неколку кликови.

Во името на тие времиња, ние се потсетуваме на следниве два видео клипови, од серијалот „Струшки “ручеци“ на поезијата“. Тие се своевидна пародија на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“. Оригинални и во нивен стил, секогаш предизвикуваат насмевка како при првото гледање. Токму поради ова реков дека се неповторливи и засекогаш ќе останат такви.

Погледнете ги во продолжение кратките скечови иако сме сигурни дека ги имате видено. Можеби помладата генерација ги нема, па ете прилика. Кликнете “плеј“ и уживајте!

Струшки ручеци на поезијата (тегет чорапа)


Струшки ручеци на поезијата

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?