Skip to content

Посилна од сѐ

Посилна од сѐ ќе бидеш кога нема да имаш друг избор. Посилна од болката што се појавила ненадејно. Во ѕвездите ти е запишано да бидеш силна и да не се откажеш. Кога на тешкотијата ќе ѝ погледнеш во очи таа заледува. Се претвора во замрзната снегулка која се топи брзо.

Посилна од она што некои го викаат судбина. Или од “писанието“ од кое не се бегало. Да бидеш силна е избор, меѓу другите опции. Кукањето и жалењето не ги сервираш на твоето мени често, ретко се присутни. Ова те прави уште посилна, иако ти внатрешно можеби  чувствуваш дека се распаѓаш.

Посилна од сѐ што ти се случило бидејќи храброста е твој сопатник. Не за џабе се рекло дека “среќата ги прати храбрите“. Храбра за себе и поради својот живот, за чиешто живеење никому не полагаш сметки. Ти си креатор на сопственото постоење и не постои нешто што би можело да те запре. Сите препреки успешно ги совладуваш бидејќи не знаеш за поинаку.

Се полниш со енергија и продолжуваш, уморна си, но чекориш понатаму. Правиш пауза и земаш здив, сфаќаш дека телото и умот можат да прегорат, исто како и автомобилскиот мотор. На дуалитетот “ум и тело“ потребен им е одмор, се трудиш да им го овозможуваш поредовно. Незапирливоста и упорноста знаеш да ги паузираш кога е потребно.

Ти си посилна од сѐ што може да те сруши на парчиња, не само дека веруваш во себе. Туку бидејќи да бидеш силна е речиси скогаш единствениот избор што го имаш.

Напишете коментар