Еден човек поминувал покрај слоновите во еден циркус. Одеднаш застанал и се зачудил како е можно толку големо животно да е врзaно за оградата само со тенко јаже завитканo околу предната нога. Било очигледно дека слонот може да го извлече јажето во секој момент и да се ослободи. Човекот потоа видел стражар во близина и го замолил да му објасни.
Тој му рекол: „На овој начин, кога слоновите се млади и многу помали, им ги врзуваме нозете со јаже со иста таква дебелина. Тогаш тие не можат да го скршат и да се ослободат од него, иако се обидуваат. Со текот на времето, како што стареат, тие се навикнуваат на јажето и фактот дека не можат да избегаат. И затоа веќе не се ни обидуваат “.
Човекот, зачуден, размислувал за она што го слушнал: Толку големи и моќни суштества стојат врзани со тенко јаже убедени дека не можат да се ослободат, па затоа не се ни обидуваат…
Колкумина од нас имаат такво јаже околу ногата? Колку сме убедени дека не можеме да сториме нешто? Колкумина од нас не се ни обидуваат да го променат своето верување од страв дека нема да успеат?
Прочитајте ја и поучната приказна „Зошто луѓето викаат?“
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.