Skip to content

Миле Ѓорѓијоски – Три пати на ден

  • by

Прочитајте ги во продолжение најновите афоризми на тема машко-женски односи од Миле Ѓорѓијоски. Гарантираме дека ќе измамат барем една насмевка на вашите лица!

1. Сите убави жени се туѓи. Па, и вашата.

2. Жена му го подмлади. Направи од него девојка за сѐ.

3. Сезаме отвори се. Ми доаѓа баба ми на гости.

4. Брачниот кревет му е како Фејсбук. Полн е со пријатели.

5. Жена ми сексуално ме малтретира. Малку ѝ е еднаш месечно.

6. Има мажи кои никогаш не мијат чинии – неженетите.

7. Некогаш: пиле мое. Денес: гуско една.

8. Ги поднови комшиите. Купи нов брачен кревет.

9. Жена му има кошмарни соништа: никако да му го погоди името.

10. Жена ми е расист! Полуде кога ме затече во брачниот кревет со црнка.

11. Тешко е да се води љубов со сопствената жена. Ама на мака се познаваат јунаците.

12. Не постои училиште за секс. А и да постои никој не би го завршил. Сите би сакале да повторуваат.

13. Не сум ни за Антички Македонци. Ниту за стари Словени. Јас сум за нешто помладо.

14. Откако се ожени му ја укинаа смртната пресуда. Сега е на доживотна робија.

15. Откако ѝ се заколна на верност до гроба, као в гроб да пропадна.

16. Употребувајте контрацептивни средства. Сексот дебелее.

17. Пред да се ожени ги сакаше сите жени. Сега една помалку.

18. Има нешто појако од него. Слабоста кон жените.

19. Откако се ожени на комшијата никој веќе не му работи од зад грб. Жена му се жртвува за него.

20. Не ја повторив грешката со комшивката. Тоа никогаш нема да ми го прости.

21. Пред да се ожени пребаруваше по Гугул. Денес под брачниот кревет.

22. Историјата се повторува. Пак не повторив во брачниот кревет.

23. Ризично е човек да има паметна жена. Паметните секому попуштаат.

24. Интервјуто за работа ги даде првите резултати – бремена е!

25. Бикот не може да биде цар на животните! Има рогови.

Прочитајте ги и неговите спортски афоризми.

Напишете коментар