Ти што си заплашена од животот
а љубиш
дојди во она место на Имотот
каде што се пее и весели
остави ги пред прагот патиштата
и долги и тешки и свлечија облеката
и пречекори го мојот праг
со озарено лице на месечина, гола и природна,
пред огнот на песната најди го своето место
и остави ги во далечина сите грижи,
побарај ги своите раскошни облици
во ова мое слободно место на животот
ти крај моето тело – тело
раѓај нов свет што ќе се издигне
над сета пустоѓ и над сета минливост
ти родилке, и прстен и карпа од срцето
фрли во морето бесно
а ќе се препознаеме
со свој знак на љубов
во секое место.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.