Секој го наоѓа она што го бара – Поучна приказна

Еден човек пристигнал во некое место, сретнал еден старец на улица и го прашал: “Добар ден дедо! Никогаш не сум бил овде. Кажи ми, какви луѓе живеат во овој град? ”Старецот му одговорил со прашање: “Какви луѓе живееја во градот од кој што си замина?” “Тоа беа едни многу себични и лоши луѓе. Затоа ми е мило што си отидов од таму.” “И овде човеку, живеат само такви луѓе.“ Одговорил старецот. ⠀

По некое време друг човек пристигнал во истото место и му го поставил истото прашање на старецот: “Само што пристигнав во ова место. Кажи ми какви луѓе живеат во овој град?”Стариот повторно одговорил со прашање: “Кажи ми, сине, какви луѓе живеат во градот од кој си замина?” “О, па луѓето беа добри, гостољубиви и благородни души! Имав многу пријатели таму, и не беше лесно да се разделам со нив.” “Не очајувај млад човеку, овде живеат само такви луѓе. ” Одговорил старецот.

Двете сцени случајно ги гледал некој друг жител на градот. Тој кога слушнал сосема спротивен одговор на истото прашање го прашал старецот: “Дали во меѓувреме луѓето во градов се сменија? Зошто на првиот му рече дека овде живеат лоши луѓе, а на вториот дека живеат добри луѓе?” “Секаде има добри и лоши луѓе,” одговори старецот. “Секој го наоѓа само она што го бара.”

Прочитајте ја и приказната за оние на кои им недостига упорност.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?