Културата на алкохолизам – Емилија Боинска

Две три голтки од чудотворната напитка и за неполни 10 секунди ја чувствуваш таа крвна вибрација која што го удира, директно, нервниот систем. Смртоносно оружје кое што ја убива воздржаностa, остварена над сопствените импулси, емоции или желби. Па дури и самиот збор алкохол или  како што многу луѓе знаат да кажат “алхохол“ со себе влече низа нестабилни пердиспозиции уште при неговото изговарање и запишувања.

Тој течен девијант  е како оние пријателски маски кои што многумина ги имаат во своите домови и никогаш не забораават да ги стават кога излегуваат. Има развиено толку добри способности што не ни осеќаш кога си подлегнал на неговите манипулации. Трезвеноста која што пламти во нас го одржува хармоничниот баланс меѓу двете половини во нашите глави.

Ако едната половина е рајот другата би била пеколот. И при секоја количина акохол внесена во внатрешноста на таа пацифистичка средина, линијата на балансот се нарушува. Ангелот и демонот почнуваат да војуваат. Притисокот расте, за на крај еден минијатурен детал да му овозможи на еден од владетелите да ја зададе последната експлозија и тој да завладее во нашата глава.

Непредвидлива е нивната војна. Понекогаш  луѓето се среќни и го пијат со задоволство, слушаат гласна музика и во еден момент адреналинот скокнува до плафон и оп, мускулната меморија развиена во твојата рака неостено ја стега чашата и ја крева, со цел да ја  доближи се поблиску до твојата жедна уста.

Пасивен предатор или мирољубив крал. Ја поседува својата уникатна непредвидливост која што ја распростанува самоуверливо паралелно со еволуцијата на човечноста. Самиот Исус му се восхитувал до степен во кој што му дозволува да ја игра улогата на таа леплива црвена течност која што кружи низ нашите вени.

Велам мирољубив крал и тоа со причина. Тој не ги дели луѓето по боја на кожа религија сексуалност и така натаму. Им дозволува тие сами да го одберат затоа е и пасивен предатор. Нај фабулозниот трик на овој уметник во нечовечки облик е кога му дава крлја на оној уметник во човечки облик.

Како магионичар со волшебно стапче му ги затвора очите и како професионалец му го телепортира умот во земјата каде што инспирацијата е сервирана во луксузно зготвена храна. А пак уметникот е единствениот кој без двоумење се изложува на неговата магија. Трпеливото пријателество помеѓу овие двајца уметници ја убива монотона траекторија во светот.

Иако уметникот во човечки облик го познава карактерот на тој пасивен предатор, знае и дека културната дружба помеѓу нив двајца може да роди плод кој ќе биде подарок за човештвото. Но сепак кулминацијата ја достигнува кога влегува во несреќната душа која очјно го моли за помош. Тој тогаш ја става неговата пријателска маска и полека, но сигурно како канцер ги гаси и последните свеќи во длабочините на срцевиот мускул.

Го започнува неговиот манипулаторски танц во кој што најверојатно ужива додека ја посматра тагата на наивниот консуматор. Чудна е културата на алкохолот, нема дефиниција, а има намена. А намената е да го консумираш кога си среќен и кога си празен и кога си тажен и кога си уметник.

Емилија Боинска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!