Да не најдеш таков

Да си најдеш некој крај кој ќе си кротка,
крај кој ќе си мирна и тивка
и крај кој ќе ти згасне духот,
па да му бидеш понизна,
да му бидеш добра жена
и да не фантазираш
и да не се опушташ многу.

Оти не дај Боже да најдеш некој
што духот ќе ти го разигра,
кој ќе ја разбуди ѕверката во тебе,
кому ќе му бидеш совршена весела,
распеана, разиграна, намеана,
со глава полна фантазии,
нескротлива, немирна ко дете.

Не дај Боже да најдеш некој
кој ќе те разбуди,
кому ќе му бидеш совршена дури си нервозна,
бесна дури си,
гневна дури си,
оти ќе знае како гневот и бесот од тебе да ги извади,
па нема на друг да помислиш.
Ќе ги заборавиш сите оние крај кои си била мирна .
Ќе те уништи.
Убаво ќе те уништи.
И бунтовна да си
и да не сакаш,
тој по своја мерка ќе те направи.

Не дај Боже да сретнеш некој
чиј мирис ќе те маѓепса,
чиј поглед ќе те полуди,
чија насмевка од памет нема да ти излегува.
Не дај Боже да најдеш таков
заради кого обетките од уши ќе ти испаднат.
Заради кој нема да сакаш да бидеш ни мирна,
ни кротка, ни домаќинка.
Крај него ќе сакаш најмногу своја да си.
И малку повеќе да си негова.

Држи се до кроткиот.
До оној кој не буди ништо во тебе.
Оти ако најдеш некој кон кого страста ќе те води,
сè околу ќе пеплосаш.
Оти после страста само прав и пепел останува.
И душа насмеана.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели