Боб Марли: Љубовта е тешка, ако е љубов

Боб Марли важи за еден од најпризнатите текстописци, музичари и пејачи на сите времиња. Неговите хитови се актуелни до денес. Еве што кажал тој за љубовта:

„Таа не е совршена. Не си ниту ти. И вие двајца никогаш нема да бидете совршени. Но ако може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислиш два пати, ако признава дека е човек и дека греши, остани со него и пружи му најмногу што можеш.

Тој нема да ти чита стихови. Нема да мисли на тебе секој миг. Но тој ти го дава оној дел од себе кој што ти можеш да го уништиш и го знае тоа. Не му нанесувај болка. Не се обидувај да го промениш. Не очекувај од него повеќе од она што може да ти пружи. Не анализирај.

Насмеј се кога те прави среќна. Викај му кога те нервира. Посакувај го кога не е крај тебе.

Идеални мажи не постојат, но секогаш постои еден, идеален за тебе.

Можеби нема да ѝ бидеш прв, ниту последен, ниту единствен. Сакала пред тебе и можеби ќе сака и после тебе. Но, ако сега те сака, зарем било што друго е важно?

Го отвораш своето срце, иако знаеш дека еден ден може да се скрши. Така доживуваш љубов и задоволство за кое никогаш не си мислел дека е возможно. Сфаќаш дека ранливоста е единствен начин да му овозможиш на своето срце да го почувствува притисокот, кој е толку реален, па дури и те плаши.

Нештата кои претходно воопшто не те интересирале сфаќаш дека се фасцинанти бидејќи ѝ се важни на личноста која ти е посебна. Мислиш на неа во секоја прилика, во сè што правиш. На неа те потсетуваат нешта како што се синото небо, нежниот ветер, па дури и темните облаци.

Ако е идеална жената, нема да биде лесна. Ако е лесна, нема да биде идеална. Ако ја заслужуваш, нема да се откажеш. Ако се откажеш, не ја заслужуваш. Вистина е дека секоја ќе те повреди, твое е да најдеш некоја заради која ќе вреди да патиш.

Велиш дека сакаш дожд, но носиш чадор додека одиш на дожд. Велиш дека сакаш сонце, но бараш сенка додека тоа сјае. Велиш дека сакаш ветер, но ги затвораш прозорците кога дува. Затоа и се плашиш, кога некој ќе ти каже дека те сака.

Длабоко сум убеден дека само еднаш во животот ќе најдеш таков кој ќе ти го сврти светот наопаку. Ќе делите надеж и иднина, соништа кои никогаш нема да се остварат, цели кои се неостварливи и разочаруања со кои животот ќе ве почести. Нема да можеш да издржиш, а да не кажеш кога нешто убаво ќе ти се случи, оти тој со тебе ќе ја сподели возбудата.

Наоѓаш сила во сознанието дека имаш сродна душа која ќе ти остане верна до крајот на животот. Животот ти изгледа потполно различно, возбудливо и вреден за живеење. Твојата надеж и сигурност е во убедувањето дека тој или таа е дел од твојот живот.“

Прочитајте го ова писмо од Наполеон за Жозефина.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели