Ноктурно – Гане Тодоровски

Излегов на царски друм,
лете, доцна квечерум…

Излегов со ведар лик
и мисли на безгрижник!

Наоколу сѐ ко в сон,
јас низ сонот – вихрогон!

Барам шир и барам цел
што се вика беспредел.

Туку сегде слушам вик:
не станувај безумник!

До тој кат те води пат
што се вика неповрат.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели