Кога си далеку сон не ме фаќа
и сите утра без тебе се црнила
и душава оглувува,
Нит песна да чуе, нит да зборува.
Кога си далеку за тебе пишувам
и тебе в празна соба мрачна ти зборувам,
Штом заспијам – те сонувам на тие пет минути,
Штом се будам урлам на сешто и сите ми се виновни
Што те нема,
Што си далеку,
Што срце ме боли,
Што без тебе ми е сѐ наопаку,
Што на срце нема утеха,
Штом од него е далеку љубовта.

Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.