Skip to content

Јас тебе не те сакав

Не. Не те сакав јас тебе.
Ја сакав жената што ти во мене ја разбуди.
Насмеана.
Нескротлива.
Распеана и луда.
Тебе јас воопшто не те сакав.
Го сакав начинот на кој ме ослободуваше.
Ме научи да бидам само јас и ниту една друга.
Повеќе ги сакав нашите разговори до бесконечност.
Го сакав начинот на кој ги изговараш зборовите.
Ги сакав движењата на твоето тело.
Како луда го сакав тоа што мора по твое да ја истераш.
Јас тебе не те сакав.
Многу повеќе ја сакав жената што вo мене ја разбуди.
Ти ги сакав очите.
На мирисот твој одлепував.
Го сакав начинот на кој ме полудуваше.
Го сакав нашето место.
Сакав да слушнам сè што имаш да ми кажеш.
Ама тебе ич не те сакав.
Ја сакав жената што ти ја направи од мене.
Будалеста.
Слободна како ветер.
Дива.
Ни минута не сакав да бидам некоја друга.
А што ако само тебе сум те сакала?
Што ако само ти во животов си ми недостигал?

Напишете коментар