Skip to content

Уметноста на автентичните разговори

Во свет полн со филтри – и буквално и фигуративно – уметноста на автентичниот разговор стана загрозена. Често пати сме парализирани од сопствените мислења, што сметаме дека единствено нешто вредно за почит е неутралноста. Овде се поставува прашањето дали во свет кој што цвета заради високите вокали од некого, нашите индивидуални гласови се губат во гужвата?

Од разговори со пријателите, со колегите и роднините, темите како што се раса, политика, религија и еднаквост, лесно може да станат причина за зголемување на тензија. Иако нема ништо лошо во спротиставените мислења,  веројатноста за спојување на нив може да донесе одлични резултати. Зборот “може“ е важно да се забележи. Како се одвива комуникацијата, како се примаат информациите, како индивидуата избира да одговори. Но сето тоа зависи од тоа дали спротивните ставови можат да коегзистираат или не.

Во свет кој копнее за единство, можеби вистински чекор е да научиме како да водиме сочувствителни и автентични разговори. Често ги започнуваме речениците со „Извини, но…“ проследено со нечие мислење. Без разлика на амбиентот, ова буквално нè тера да се извиниме пред да ја кажеме реченицата. Од кога почнавме да се извинуваме за сопствените ставови и мислења? Иако начинот на кој што се изразува и се прима мислењето може да доведе до конфликт, тоа што се има став не треба да ни предизвикува чувство на вина или срам. Напротив, ние треба да ги изразиме нашите ставови.

За да имате автентичен разговор без извинување, разгледајте ги овие клучни чекори:

1. Прво, слушајте. Оставете го вашето его пред вратата и навистина слушнете што споделува личноста – без да го подготвувате вашиот одговор.

2. Разберете. Наместо да зборувате за тоа дали сте во право или не, поставете прашања што можат да му помогнат на лицето што споделува да ве запознае со тоа како дошло до неговото мислење или став.

3. Обидете се да ја почитувате вистината на личноста. Она што е уникатно и вистинито за секоја личност е единствено и вистинито за нив. И тоа е во ред – бидејќи вашата единствена вистина е и ваша.

Создавањето простор за да се слушне некого е активна практика и која негува единство заедно со вистинска врска. Исто така, создава зона без пресуди каде спротивставените ставови можат да живеат во хармонија. Иако секогаш може да постои одредена поделба меѓу луѓето, сите ние можеме да го направиме својот дел за да помогнеме да се минимизира уништувањето што може да дојде од него. На крајот на краиштата, често се вели дека моќта на еден обединет глас секогаш ќе биде посилна од два поделени гласови.

Прочитајте зошто туѓото мислење не треба да ве повредува.

Напишете коментар