Приказните за чудовишта, војни, различни божества, магии и љубовни афери се дел од предримската традиција на Келтите во Ирска. Се проширлире меѓу луѓето благодарение на проповедниците.
Како сите митолошки приказни, така и овие се обидуваат да ги објаснат природните појави. Бараат одговор на важни прашања за нашето настанување, постоење, што се случува со нас откако ќе умреме и слично. Еве неколку прекрасни келтски митови и легенди:
1. Кухулин
Кухулин е ирски херој, син на богот Луг и Дихтин, кој првично бил наречен Сетанта. Како моче, со голи раце го убил лутото куче од Кулан. Токму затоа го добил името Кухулин. Тој бил непобедлив воин кој вешто комуницирал со духовите. Но поради неговата брзоплетост имал краток живот. Смртта ја дочекал на бојното поле. Морал сам да се врзува на кол и умрел во исправена положба, соочувајќи се со своите непријатели.
2. Магичниот котел
Кралот Артур е еден од најпознатите ликови во келтската митологија. За него се раскажани многу приказни. Во една од нив, во која се раскажува за патување во подземјето, се спомнува магичен котел. Котелот е изработен од бронза и украсен со скапоцени камења. Се претпоставува дека легендата за тој котел влијаела врз формирањето на идејата за Светиот Грал.
3. Ангус и Кер
Во ирската митологија, Ангус се сметал за бог на љубовта. Тој е вонбрачен син на Дагда и Боан. Се заљубил во девојката што ја видел на сон. Неговите родители ја барале девојката низ цела Ирска. На крај, ја нашол неговиот брат Бодуб Дерг. Повеќе од сто девојки биле фатени со магијата на езерото Змејска уста. Меѓу нив била и Кер, љубената на Ангус. На Ангус му било кажано дека ќе може да ја земе за жена само ако ја препознае како лебед. Кога се претворила во лебед, Ангус ја препознал. Заедно одлетале во неговата палата каде живееле среќно.
Прочитајте како настанала приказната за Фауст.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.