Жена што живеела на крајот од пустината засадила млада розова грмушка, која ниту еднаш не расцветала. Таа долго време чекалa нешто да се смени, но ништо не се случило. Па, еден ден жената одлучила да ја праша грмушката зошто не цвета.
“Зошто не цветам?“ Зачудено го повторила прашањето грмушката. “Зарем треба да цветам? Еве колку има такви грмушки како мене па ниедна од нив не цвета.“
“Но, ти не си трн.“ Рекла жената.
“Како не сум трн?! Напротив, јас сум иста како нив. И јас имам боцки, еве види!“
“Да иста е како нас, зошто ја збунуваш?“ Се слушнале гласовите на трњето.
Жената се обидела да ја убеди розата, но без резултат. Без оглед на аргументите што ги користела, трњето ја прекорило со зборовите: “Ние знаеме подобро што сме и кои сме.“
На што розовата грмушка занишала гранче во знак на согласност. На крај жената се уморила од расправање и си заминала.
“Не ја слушај! Таа го бара од тебе невозможното! Ти си како нас, сама гледаш. Види го трњето. Погледни го нашето. Ние сме трње и ќе останеме трње. Ти си иста. Би те лажеле ли ние?“ Зборувало трњето.
Розата се согласила. Таа знаела дека трњето е во право. Тие би требало да бидат во право. Но сепак, тенок внатрешен глас ѝ прошепотил дека можеби треба да ја послуша жената. Сепак не. ‘Што па разбира жената? Таа e различна од растенијата. Нема начин да ја знае нашата природа подобро од нас самите!’ Си помислила грмушката. Уморна од оваа внатрешна борба, на крај одлучила да заспие.
Жената сепак била цврсто решена да не се откажува. Отишла во соседната држава и купила друга розова грмушка и ја засадила до првата. Вечерта трњето почнало да ја поздравува за добредоје. Но се чинело дека грмушката не го разбира нивниот јазик и само, во знак на учтивост занишува со гранчињата.
Наскоро дошла пролетта, по неа – лето и новата грмушка процветала. Грмушката, која се сметала за трн, била вчудоневидена. Таа не очекувала такво нешто од некој ист како неа. Но цветовите на розата биле толку убави што почнала да рони солзи, а душата му се исполнила со радост и мир. Убавината навлегла и во неа и наскоро таа самата процветала.
Поука: За да може да просперирате, многу е битно да бидете опкружени со слични на вас.
Прочитајте ја и приказната “Од што е сочинет нашиот живот?”
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.