Skip to content

Марко Марулиќ – татко на хрватската книжевност

Марко Марулиќ (лат. Marcus Marulus Spalatensis) (Сплит, 18 август 1450 – Сплит, 5 јануари 1524) бил хрватски писател и христијански хуманист, татко на хрватската книжевност.

Често го нарекуваат и „Сплиќанец“. Тој остави зад себе богат и разновиден опус, кој се карактеризира со исклучителна литературна стилизација, знаење, вештина и способност да се прилагоди на разновидната читателска публика.

Тој ги напиша повеќето од своите дела на латински, но исто така остави значаен опус на хрватски и неколку кратки ракописи на италијански јазик. Во неговите латински дела се потпишува како „Маркус Марулус Спалатенсис“ или „Маркус Марулус Делмата“, а на хрватски како „Марко Пешениќ“.

Негови книжевни Библијата, древната литература и патрологијата.

Првата употреба на зборот психологија

Првата употреба на зборот психологија му се припишува на Марулиќ во неговоото дело Psichiologia de ratione animae humanae.

Пишувал литературни списи за доброто однесување и за пристоен живот, а тоа се всушност моралистички христијански поуки во книжевна форма. Неговите поими за добро и зло се поими од христијанството. Во негово време Сплит е во опасност: целата копнена војска е постојано на удар на Османлиите. Некогаш Сплит плаќал откуп за да не биде нападнат, но некогаш организирал напад заедно со другите приморски градови. Во сите овие работи Марулиќ учествувал активно и со разбирање, а турската опасност е главната тема во неговото творештво.

Неговиот еп „Давидос“ (Давид) носи поука: Сплит е мал, Османлиското Царство е огромно, но сепак малиот го надитрува големиот. Оттаму и спој со алегоријата на библиската легенда за Давид и Голијат. Во таков однос се наоѓаат Сплит и Османлиите.

Има кај него и песни кои се за тоа време многу ретки: хумористични и сатирични песни. Сатирата и хуморот Марулиќ ги користи со морализаторска функција, на пример кога ги исмева лажливоста и страшливоста.

Епот „Јудита“

Прво најрано дело на Марулиќ е епот „Јудита“. И овде се говори за актуелната судбина на Сплит, но има широка историска метафора. И овде е користена библиска приказна – онаа за грешната Јудита. Епот е во форма на стихуван роман, има ликови, фабула и настани. Библиската приказна кажува дека кога војската на Набукодоносор го опколува градот Баталија, една граѓанка, младата и убава вдовица, се жртвува за да го спаси градот. Го заведува Олоферн, водачот на војската на Набукодоносор, и првата ноќ го убива. Држејќи сè до основните настани на библиската приказна, Марулиќ го гради својот еп во 6 пеења.

Уште во првите слики станува јасно зошто Марулиќ се определил за оваа тема. Во слична ситуација се наоѓал Сплит, опколен од Труците: глад, болести, водоводот бил пресечен. Градејќи ја сликата меѓу библиската легенда и сопствената стварност, марулиќ ја потенцирал храброста на јунаците. Во епот Јудита излегува раскошно облечена, заедно со својата слугинка. Во сите други случаи кога Јудита би му се подала на поробувачот, таа би била неморална, но овде својот неморал го принесува како жртва пред олтарот на Сплит.

Јудита е главна почесна гостинка на гозбата што ја приредува Олоферн. После љубовната ноќ, Јудита му ја отсекува главата и ја носи во градот, каде граѓаните ја истакнуваат на ѕидините. Ова внесува паника во редовите на напаѓачите, а војската од градот успева да ја скрши опсадата. Епот завршува кко Јудита живее во градот до својата 104 година.

Епот е пишуван на народен јазик, затоа што е наменет за граѓаните, со моралната поука дека родниот град се брани со сите сили. На народен јазик Марулиќ го напишал и епот „Историја од Сузане“, еп со библиски мотиви, но исто така насочен кон тогашните локални проблеми.

Прочитајте и за Роберт Деснос, француски поет, еден од најголемите надреалисти.

Напишете коментар