Skip to content

Коко Шанел: Најдобар моден детаљ на секоја жена е згоден маж покрај неа

Во чест на Коко Шанел, родена на денешен ден, споделуваме неколку нејзини инспиративни цитати. Прочитајте ги во продолжение!

1. Една девојка треба да биде две нешта: елегантна и неверојатна.

2. Сè додека знаете дека мажите се како деца, знаете сè!

3. Жената која не користи шминка има премногу високо мислење за себе.

4. Жените облечени во светли тонови  е тешко да ги доведете во лошо расположение.

5. Чипка – најубава имитација на фантазијата на природата. А бисерите се секогаш добредојдени.

6. На 20 години жената има лице кои ѝ го подарила природата, на 30 она кое го создала сама, а на 40 она кое го заслужила.

7. Не ми е гајле што мислите за мене. Јас воопшто не размислувам за вас.

8. Ако го сакате она што никогаш не сте го имале, ќе морате да го правите тоа што никогаш не сте го правеле.

9. Парфем – невидлив, незаборавен, ненадминлив моден додаток. Тој е гласник на секоја жена, но и нејзин потсетник, каде и да оди.

10. Најдобар моден детаљ на секоја жена е згоден маж покрај неа.

11. Ништо не ја прави жената стара како исклучиво скап костим.

12. Кога треба да користам парфем?“ – прашува една млада девојка. „Кога сакаш да бидеш бакнувана“ – одговара Коко.

13. За да бидеш незаменлив, мора да бидеш различен.

14. Главното нешто кај една жена не е нејзината облека, туку убавите манири и мудроста.

15. Слобода – таа е секогаш во мода.

Прочитајте ги и овие 27 цитати од Балзак: „Љубовта е страст која не познава ниту минато ниту иднина“.

Напишете коментар