Skip to content

Не постојат мажи какви што посакуваме

Не постојат веќе мажи чии што очи
ќе сакаме нашите деца да ги носат.
Оти сакаме мажи што се држат до својот став,
што си стојат на зборот што го дале,
ама и ќе нè држат како капка вода на дланка,
па само нашите локни ќе им се плеткаат низ прстите.

Не постојат веќе мажи чие што презиме
ќе сакаме нашите деца да го носат,
оти сакаме мажи што не се плашат од одговорност,
што прибежиште ќе ни бидат кога тажни сме,
што ќе бидат столб кога семејството е во небрано.
Ете, такви мажи веќе нема.

Останаа мажи, мамини и татини синчиња,
мажи што животот ги галел и ги размазил до недоглед,
мажи што се плашат низ темна уличка да поминат,
мажи што не знаат за храброст,
што не слушнале за лојалност и верност,
што не можат црвсто да стегнат за рака една жена,
без да милуваат уште десетици.

Останаа мажи, на кои сè пред носот им е ставено,
мажи, кои исто како жените,
не знаат што сакаат,
кемкави,
неодговорни,
без желба да пламнат,
од страв да не изгорат.

Не постојат веќе мажи какви што сакаме
оти нема веќе жени што ќе родат такви мажи.
Храбри, силни, цврсти, столбови.
Нема мажи во чии прегратки ќе сакаме да се засолниме,
оти ние, жените, веќе не сакаме да се засолнуваме.
Ете затоа, нема веќе мажи какви што посакуваме.
Оти нема веќе ниту верни, посветени жени.
Расипувањето и развратот одат рака под рака
и кај мажите и кај жените.
Нема веќе жени што ќе одгледаат мажи
какви што посакуваме.

Напишете коментар