Skip to content

Утрото над нас – Кочо Рацин

От далечините модри се веат
на слнцето златните далги,
от далечините модри се леат
на утринта росните влаги.

По длги, меки ширини рамни
магла се танка крева
и по селата мали — заспали
шумоли скришно врева.

Шумоли — в срце тага налева
за црноземните робја,
шумоли скришно за мртви поља
за села и градови — гробја.

Ех, тиа длги ширини рамни!
Ех, таја мака пуста!
Мртви и темни сурови гламњи
Скршена гранка маслинка!

По тиа пот се човечка дими
и снага крвава цвили,
по тиа радост никога нема
а слнце радосно има!

Но тиа росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.

Напишете коментар