Еден бизнисмен се нашол во долгови до врат. Подигнал повеќе кредити и позајмувал пари од лихвари, а сега тие ги барале своите пари назад – но тој немал да им даде. Излегол на прошетка низ градскиот парк со надеж дека тоа ќе му го сврти умот од проблемите, но станал уште поочаен. Додека размислувал за сите можни начини како да се спаси од банкрот додека се шетал, му пристапил еден стар човек.
“Гледам дека нешто Ве мачи господине. Можеби ќе ви биде полесно доколку му се доверите на некој?” Му се обратил стариот човек. Очајниот бизнисмен ја раскажал целата своја ситуација, а старецот трпеливо молчел не прекинувајќи го. Кога бизнисменот завршил, старецот му кажал:
“Мислам дека можам да Ви помогнам.”
Го прашал бизнисменот како се вика. Тој му одговорил па старецот извадил чек, го напишал името на бизнисменот и му го подал. “Земете ги овие пари. Ќе се сретнеме овде на истото место точно за една година, и тогаш ќе ми ги вратите назад.” Му кажал старецот пред да исчезне во толпата луѓе и пред бизнисменот да се освести за да може да каже било што. Погледнал во чекот – старецот му позајмил 500.000 долари, а името на старецот гласело Џон Рокфелер – најбогатиот човек на светот.
“Сега можам да ги решам сите мои проблеми во истава секунда!” Помислил бизнисменот, но наместо тоа одлучил да го стави чекот во сеф. Доволно му било тоа што знаел дека во сефот постои решение за неговите проблеми, па сега бил во можност да се смири и да размисли како да се извлече од лошата ситуација.
Па вака охрабрен од сигурноста која му лежела во сефот, успеал малку по малку повторно да застане на нозе. За половина година успеал да ги врати своите долгови. Потоа започнал и да заработува.
Година дена подоцна, се вратил во паркот со чекот во рака. Стариот човек навистина се појавил. Бизнисменот само што зачекорил кон него за да му се заблагодари и да му го врати чекот, кога зад старецот се појавила медицинска сестра. “Фала Богу тука сте, ве најдов! Извинете, се надевам дека не ви пречеше. Тој знае да излезе од болница и да талка по улици зборувајќи им на луѓето дека е Рокфелер.” Му кажала сестрата.
Бизнисменот бил зачуден. Година дена верувал дека во сефот има магично решение за сите свои проблеми кое би го спасило од можен колапс, а всушност немал ништо. Тогаш сфатил дека не се парите тие кои му го сменија животот на подобро. Неговата самодоверба и верба во себе е тоа што, на крај го извадило од сигурна пропаст.
Прочитајте ја и приказната за луѓето кои сакаат да го понижат и повредат оној кој вреди.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.