Skip to content

Тагата и дождот – Гого Ивановски

Дождот не знае за тага.

Тој само така еднолично ромори

и ги кисне покривите, тротоарите и гранките.

А кога во нашите очи има влага,

кога тага во нив ќе проговори,

тогај, лепејќи ги за прозорец дланките,

имаме обичај да велиме,

дека врне тажен, есенски дожд.

И долго од прозорецот не се делиме.

Напишете коментар