Не ме допирај, јас сум на пат кон Отецот
Блеснав во светлината
Занемев во височината
Господар во Господар станав
Срцепарателен одлив на чувства
Верување во страдание
Самопрекор на душата
Нагиздување на срамноста
Не ме допирај,
Ќе изгориш од блескавоста
Ореолот го пресекува грешникот
Возљуби ме
Љубовта да ти стане цел единствена
Живот преточена во смрт,
Љубов преточена во љубов.
Преобрази се
Премини во светлината
Не останувај во темнината,
Преобрази се
Образот да ти биде чист
Да те помилува големината.
Памети ме во зборот
Памети ме во погледот
Памети ме во божественоста.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.