Skip to content

20 палави афоризмичиња од Миле Ѓорѓијоски

  • by

1. Сезаме отвори се! Време е тато да се врати од родителски!

2. Денес не се ни обидов да глумам дека ја знам лекцијата. Ми се разболе суфлерот.

3. Не е точно дека бато откако заврши факултет ништо не работи. Ми ги пишува домашните.

4. За разлика од нас учениците артистите се привелегирани! Никој не им се кара кога користат помош од суфлер.

5. Јас не сум ситничар. Би ги сменил сите часови по математика, за еден по физичко.

6. Бато може да наброи дури четири мисловни именки: петка, четворка, тројка и двојка!

7. За лошите ученици секоја клупа е – магарешка.

8. Јас и Сања се заљубивме на прв поглед. Таа во моите „џорданки“, а јас во нејзините„најки“.

9. Од сите годишни времиња бато најмногу го сака – летниот распуст.

10. Кога имам писмена по математика бројам до три… и бегам од часот.

11. Меѓу мене и Маре нема веќе хемија. Престана да ми суфлира на часовите по хемија.

12. Најубаво си поминувам кога дедо оди на родителски. Додека се врати, тој заборава каде бил.

13. Откако започна онлајн наставата бато нема среќа со интернетот – никако да падне!

14. Тато и мама повеќе му се радуваат на зимскиот, отколку на летниот распуст. Тогаш учителката ни задава помалку лектири за читање.

15. Додека трае учебната година бато не се кара со баба и дедо. Ќе нема кој да му ги чита лектирите.

16. Некогаш слабите ученици се молеа да се запали училиштето, денес да падне интернет.

17. Место да се нервира, мама треба да се радува кога тато ќе заглави во кафеана. Тој само тогаш ѝ носи цвеќе.

18. Какво прашање да ми постави наставникот, не може да ме изненади. Ниту едно не знам.

19. И јас сум како Ајнштајн! За мене сѐ е релативно, па дури и бегањето од часови.

20. Знам зошто мама и тато не ми дозволуваат да го носам Шарко кога одиме на море! Се плашат да не стане морско куче.

Напишете коментар