Skip to content

Распетие – Јовица Тасевски–Етернијан

(почеток на прекрасните страдања)

На голиот рид
каде присојот удира врз челата
како вжештен чекан

Златен крст издигнаа
со длапки на рабовите
стрвни за скапоцени камења

Моето изнемоштено тело
со шајки од платина
на него го заковаа

Венец од ловор и трње
врз главата ми ставија
И дури гледаа како капките од крв

длапките ги исполнуваат
и во рубини се претвораат
Извикнуваа: Пеј ни, пеј!

Напишете коментар