Закржлавени прописи на дневен ред
Кои плаќаат паркинг на секоја улица во градот кој не живее
Мирис на липа во кафена шолја
Прелеана со лут пипер во бел симит
Камен мост отсликуван во три примероци
Табла со сменет натпис на име – неиме
Река која дели делови кои не се препознаваат
Само горки височини без ред и редослед
Згради од прободен мермер налеани со шприц од сладолед
Кој мириса на ванила од југот во кој припаѓаш,
Матни води по течението на Вардар измиени со прелетот на шатките
Згрчени лица со очи полни смути од киви и портокали
Не гледам лебед , не гледам цвет
Трнлив е мојот чекор по Калето од каде никој не извоил слобода.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.