Подготовка на поетска збирка „1.200 Молитви“ во чест на Тоше Проески

Во тек е изработка на поетска збирка за Тоше Проески која ќе носи наслов ,,1.200 молитви”. Самиот наслов кажува дека ќе бидат застапени 1.200 песни–поезија. Секој кој напишал песна ќе може да ја испрати кај организаторката Маријана Митревска во инбокс или на нејзиниот емаил [email protected].

Маријана во неколку прилики има изјавено дека нејзина главна инспирација за пишување е Тоше Проески. Таа му укажува чест и преку организирање на овој проект кој има за цел да ги собере на едно место сите кои пишуваат поезија, а го почитуваат ликот и делото на Тоше Проески.

Кои се критериумите за испраќање?

Доколку имате повеќе песни напишете ги во word  и испратете ги како документ на истата адреса. Песните може да му бидат посветени на Тоше или да бидат инспирирани од него.

Не е ограничена вашата возраст и дали се работи за афирмиран или неафирмиран автор. Секој може да прати кој го почитува и обожава ликот и делото на нашиот Тоше.

Засега на повидок се околу 700 песни, а во нив ќе бидат вклучени и песните кои биле испратени за неговиот четирисетти роденден. Книгата ќе ги опфаќа сите земји од поранешна Југославија и од светот, не само автори од Македонија. Пишувајте на својот мајчин јазик, име и презиме и земја од каде испраќате.

Организаторката Маријана Митревска вели дека процедурата е долга, но дека се надева дека со здружени сили успешно ќе се реализира проектот. Таа се залага за целиот процес како и за понатамошна продажба на книгата. На нејзиниот официјален фејсбук профил изјави дека во изработка е корицата за книгата и дека е најден рецезент. Напоменува дека сите средства од продажбата на книгата ќе бидат донирани во манастирот Свето Преображение Крушево.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!