Елегија за сееднотијата – Јовица Тасевски-Етернијан

Сето друго
не може да пристигне.
Ридјето се рони. Венее хоризонтот.

Сите тие се претопуваат во сееднотијата,
се кошкаат во недогледното мочуриште
каде се множат стиите.

Самите си врзаа окови,
ги обложија со позлата
(да не им ’рѓосаат во калта),

а ниту злата имаат запир,
ниту овој ѕверски пир.
Ќе се сети ли некој

дека ќе ги задуши реата
што се создава од гнилежот
и од нивните тешки здивови?

Од збирката „Исход“.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!