Skip to content

По пауза од една година повторно распишан конкурс од весникот Нова Македонија

Конкурсот за краток расказ е една од најпрепознатливите практики од зенитот на постоењето на првиот дневен весник. Обновен е за да ја поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е популарна, современа и широко прифатена од читателската публика. Краткиот расказ е дел од колективната меморија и култура на македонскиот народ, кој има корени уште во усните расказни и наративни форми. Иако во последниве години романот е најдоминантен жанр и во македонската книжевност, сепак, некои наши раскажувачи одново му се враќаат на краткиот расказ.

И покрај жанровските излети на поголемиот број автори, сепак, расказот е форма што има традиција во македонската книжевност, а последните две децении од 20 век преку него се појавуваат десетина нови извонредни раскажувачи, а се јавуваат и нови имиња, кои навестуваат нов поетички круг и наративен сензибилитет со текстови на сосема млади, сѐ уште неетаблирани автори, но веќе присутни на македонската книжевна сцена, надарени, атрактивни, па и контроверзни. Според некои теоретичари, македонскиот расказ доживува егзалтација во расказниот опус токму на помладите автори, што е дополнителен поттик за одржување на конкурсот.

Kонкурс за краток расказ

„Нова Македонија“ распишува конкурс за краток расказ.

Пропозиции:

– расказите да не бидат подолги од 100 реда
(три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери)
– да бидат напишани на македонски јазик
– да не биле досега објавувани
– да имаат наративна форма

Темата е слободна.

Право на учество имаат сите автори.

Ракописите под шифра треба да се испратат на електронската адреса: [email protected]
(со назнака: За конкурсот за краток расказ) и најдоцна до 30 септември.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 15 октомври, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 29 октомври – денот на излегувањето на „Нова Македонија“.

Жирито ќе додели три парични награди, а предвидени се и три откупни награди.

Редакцијата го задржува правото за објавување на наградените и откупените раскази во весникот.

Нова Македонија“ првпат го објави конкурсот за краток расказ во 1960 година.

Извор

Напишете коментар