Зошто меѓународниот аеродром во Денвер е извор на теории на заговор?

Меѓународниот аеродром во Денвер јавно ги прикажува своите најмрачни и најдлабоки тајни. На нови, големи билборди, поставени околу главниот терминал, управата на аеродромот рекламира вонземјани, слободни ѕидари и агенти на илуминатите.

Отворен е на 28 февруари 1995 година, со доцнење од 16 месеци и вкупни трошоци за изградба од 4,8 милијарди долари. Луѓето се прашувале зошто биле потрошени толку многу пари. Површината на аеродромот изнесува 140 километри квадратни. Два пати е поголем од вториот најголем аеродром во САД.

На градот му бил потребен нов аеродром, па го добил. Иако биле потребни многу повеќе пари и време од предвиденото, што е чест случај со јавните набавки. После отворањето, луѓето се прашуваат дали меѓународниот аеродром во Денвер е дом на некое зло.

Кружат приказни за тајни одаи и ходници, а обликот на аеродромот од птичја перспектива потсеќа на кукаст крст. Се зборува за различни уметнички дела кои претставуваат “нов светски поредок“, а сега, покрај тоа, поставени се и големи билборди со необични написи.

„Нови концесии? Или нови завери?“ пишува на еден од постерите. Написте на билбордите во се комбинираат со фотографиите од статуа на коњ, кои луѓето го нарекле Блуцифер. Билбордите се поставени на привремени ѕидови кои ја обиколуваат градежната зона на аеродромот. Некои велат дека тој ѕид го крие “новото седиште на илуминатите“. Други мислат дека на тоа место се гради ресторан.

Портпаролот на аеродромот вели дека ги прифаќа претпоставките за завера. Вели дека теориите на заговор се дел од нивниот бренд. А тоа е забавен начин да се привлечат што повеќе патници. Интересно е тоа што маркетниг компанијата, која работи за аеродромот, не се обидува да се ослободи од овие теории. Наместо тоа, постерите и билбордите дополнително ги поттикнуваат патниците да ги истражуваат можните теории на заговор. Основата на теориите на заговор гласи: „Ако тоа е она во што сакате да верувате, ние нема да ја запреме вашата фантазија.“

Прочитајте го библискиот мит за Самсон и Далила.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!