Избрани се 18 поети за тријазичната збирка „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“

Осумнаесет поети со свои песни ќе бидат застапени во тријазичната збирка поезија во рамки на проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“.

Преку конкурс (наменет за автори од 16 до 35 години) избрани се следните поети: Стефан Марковски, Катерина Гогова, Давид Берат, Андреј Ал-Асади, Даниел Ѓорѓески, Бесјона Јусуфи, Мери Берат, Рина Јанкуловска, Мартина Даниловска, Гордана Балеска Трифуноска, Дејан Крстески, Даница Среткоска, Софија Тодороска, Ана Трпевска, Павлина Атанасова, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска и Рената Пенчова.

Периодов се работи на препев на песните кои во збирката ќе бидат објавени на македонски, албански и на турски јазик, по што ќе следува техничка подготовка на книгата и печатење.

„Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“ е проект на Здружението за култура „КРИК 094“ Гостивар, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!